Основното училиште “Његош“ денес свечено ги пречека своите првачиња со пригодна приредба за нив и нивните родители. Директорката на училиштето, Анета Цветкова, со пригоден говор ги поздрави и им посака добредојде на првачињата и нивните родители кои беа со нив на првиот училишен ден. На свеченото пречекување присуствуваше и градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски кој им посака успешен почеток на образовниот процес на првачињата кои од денеска започнуваат една нова етапа во животот.
,,Драги дечиња, посочува тој, од денес за вас започнува процесот на учење и другарување во училниците и училишните клупи. – Ќе ги осознаете природните науки, македонскиот јазик, ќе се стекнете со основните знаења кој ќе ги паметите низ целиот живот, а за сето тоа да биде лесно, тука се вашите наставници кои ќе го трасираат патот на вашата иднина. На сите ученици им посакувам среќен почеток на образованиот процес и денови исполнети со неизмерна среќа, радост и другарување.”
СРЕЌЕН ПОЧЕТОК од целиот наставнички тим заедно со директорката.
Во продолжение погледнете ја галеријата со слики од првиот училишен ден во новата учебна 2022/23 година.