На 21.03.2023 година (вторник), по повод одбележувањето на Денот на екологијата и пролетта во нашето училиште беше организирана еколошка акција.
Во акцијата учествуваа учениците заедно со своите класни и одделенски раководители. Еколошката акција беше реализирана во училишниот двор и истата беше наменета за целосно чистење на дворот и засадување на цвеќиња.
Се надеваме дека вакви исти или слични акции ќе се реализираат повеќе во иднина со цел почиста, поздрава и побезбедна средина за живеење.
Благодарност до сите ученици и наставници за успешно реализираната еколошка акција.