Вие ја прегледувата страната

Денот на екологијата и пролетта

Објавено на: март 22, 2024

По повод 21 Март – Денот на екологијата и пролетта, во нашето училиште, сите ученици беа активно вклучени во еколошката акција за естетско уредување на училишниот двор, преку садење на цвеќиња и борови дрва, чистење на дворот и бојадисување  на летниковецот. 

Исто така, дел од нашите ученици заедно со учениците од останатите општински училишта на територија на општина Гази Баба учествуваа на традиционалниот марш под мотото “Пешачиме за мир, соживот и толеранција” и засадија борови дрва.