Денес се одбележува Светскиот ден на планетата Земја.
Целта на одбележувањето на ,,Денот на планетата Земја“ е да се подигне нивото на свесност кај најмладите за зачувувањето на животната средина, да се укаже на загадувањето на воздухот и водата, како и исцрпувањето на природните ресурси.
Наставниците со своите ученици го одбележаа Денот на планетата Земја со голем број на различни активности. Имаше едукативни предавања, дискусии, проектни активности и пароли.