Вие ја прегледувата страната

Велигденски базар

Објавено на: април 27, 2024

На 26 април 2024 година, петок,  во нашето училиште се одржа Велигденски базар, во чија што  подготовка учествуваа учениците заедно со своите наставници.

На базарот беа изложени различни и многубројни, рачно изработени  предмети и украси, со велигденски мотиви, изработени од страна на учениците и нивните наставници, како и секакви видови домашни печива, коишто традиционално се подготвуваат за најголемиот христијански празник Велигден.

Базарот го посетија многу посетители, а средствата коишто ќе се соберат од продадените производи, ќе се наменат за потребите на училиштето.