На 25 и 26 април 2024 година се реализираше дводневна екскурзија низ Источна Македонија со учениците од шестите одделенија. Се посетија црквата Св Троица во Радовиш, Колешинските водопади, манастирот Вељуса, Дојран и Дојранското езеро, Природонаучниот музеј во Дојран, локалитетот Стоби.
Учениците имаа можност да се запознаат со природните убавини и знаменитости на нашите краишта, нивните природно-географски обележја, со релјефот и вегетацијата на овие простори. Покрај тоа, тие се запознаа и со историјата на овие простори, со што развија позитивен став кон спомениците и природната околина.
Одговорни наставници:
Весна Митровска Дошева