На 27 април 2024 година, учениците од нашето училиште учествуваа во Општинскиот натпревар по прва помош кој беше организиран од страна на Црвен крст – Гази Баба. На натпреварот беа поставени шест штанда со повредени лица на кои учениците укажуваа прва помош.
Нашиот тим во состав на учениците: Милена Ивановска, Нина Додевска, Теодора Димковска, Ангела Ивановска, Петар Јованоски и Мила Трајковска, под менторство на наставничката Стефани Илиевска, го освои петтото место со 530 бода. На натпреварот учествуваа 15 екипи.
Несреќите се случуваат секојдневно и насекаде, во домот, на улица, на училиште, на работно место, на игралиште, во природа и каде ли уште не. Во такви ситуации правилното укажување прва помош значи спасување човечки живот!
Честитки за учениците и за менторката!