По повод првиот училиштен ден, традиционално во нашето училиште се организираше свечена приредба со која им посакавме добредојде на новите првачиња, а на останатите им посакавме среќа и успех во новата учебна година.
Свечената приредба за нашите ученици беше збогатена со литературни рецитали како и со ритмички точки.
Целта на овој воведен процес е да им помогне на идните првачиња да се чувствуваат безбедно, возбудено и спокојно додека го започнуваат своето патување во училиште.
Им посакуваме среќен почеток и успешна учебна година на сите ученици!