Вие ја прегледувата страната

Отворањето на училишните спортски лиги во општина Гази Баба

Објавено на: октомври 15, 2024
🤾‍♀️ Денес, 15 октомври, учениците од нашето училиште присуствуваа на отворањето на училишните спортски лиги кои се одржуваат во текот на целата учебна година во општина Гази Баба во различни категории на спортови.
По тој повод  нашиот тим играше одбојка против тимот на ООУ ,,Наум Наумовски Борче”.
🏐 Спортските активности се од особено значење бидејќи од најрана возраст учениците имаат можност да спортуваат, рекреираат и да стекнуваат нови пријателства.