14 Октомври го одбележуваме како Меѓународниот ден на електронскиот отпад кој има за цел да ја подигне свесноста кај луѓето за овој растечки проблем.
По тој повод нашите ученици од 7-мо одделение проследија презентација од здружението ,,Еко Ѕвон” на тема ,,Знаете ли колку е штетен е – отпад?” Учениците се здобија со нови информации за тоа колку е штетен и како правилно да се рециклира е-отпадот.