🔴 „Подари книга, збогати ја училишната библиотека” е мотото под кое нашето училиште го одбележа ,,Месецот на книгата”, кој трае од 15 октомври до 15 ноември.
🔴 По тој повод, нашето училиште организираше средба со писателката Виолета Наумовска која ги сподели нејзините две книги: “Огне” и “Време за Желби”, со што го разбуди интересот кај учениците да го збогатат своето знаење со нова приказна која ни ја нудат овие две прекрасни книги кои се поврзани во својата содржина. 📚📖