Денес нашето училиште повторно се исполни со детска смеа, радост и возбуда.
На сите наши ученици им посакуваме успешна, исполнета и незаборавна учебна година, со многу знаење, нови пријателства и убави моменти!
Посебно и топло добредојде за нашите 58 првачиња, кои денес го направија својот прв чекор во една нова и важна животна приказна. 
Училишните денови нека им бидат исполнети со насмевки, љубопитност, дружење и успех!
Благодарност и до локалната бизнис заедница, како и до секој добронамерен жител на месната заедница Јурумлери, кои со својот придонес помогнаа првиот училишен ден на нашите првачиња да биде уште посреќен и поспецијален. 

Заедно создаваме убави почетоци и градиме подобра иднина за нашите деца! 
Среќна и успешна учебна 2026/2027 година! 
