Петар II Петровиќ Његош (Његуши, 13 ноември 1813 – Цетиње, 31 октомври 1851), бил владика и владетел на Црна Гора од династијата Петровиќ-Његош, тој е еден од најголемите претставници на црногорската и српската книжевност. Еден од неговите учители, придонел кај владиката Петар да се појави љубовта кон народната поезија, а го потикнал и кон пишување.
Владиката Петар своето творештво го започнал скромно, поддржувајќи ја народната поезија или современата лирика. Меѓутоа, со текот на времето мислата на владиката Петар силно се развила. Тој преку читање и размислување, навлегувал подлабоко во поголеми, тешки, морални и филозофски проблеми. Во последните седум години од својот живот, тој ги создал своите три главни дела: „Луча микрокозма“, „Горски венец“ и „Лажниот цар Шќепан Мали“.
На 13-ти ноември денот на патронот од нашето училиште, свечено се одбележува со посебна програма. Започнува со полагање на цвеќе пред споменикот на патронот во училишниот двор , се организираат активности (рецитали, ликовни изложби, турнири и сл.), празнувањето продолжува со свечена приредба која ја подготвуваат учениците заедно со наставниот кадар во чест на патрониот празник на нашето училиште “Његош ”.
,, Силни заби и тврд орев кршат,
,, Добра сабја топуз пресекува,
,, А камо ли една кревка зелка.” – Горски Венец, Петар Петровиќ Његош