Вие ја прегледувата страната

Историјат

ООУ „Његош“- Јурумлери е формирано 1953 година, како основно училиште, кое образувало деца до четврто одделение. Во почетокот училиштето работело само во старата зграда. Од 1973 година,училиштето располага со две крила, од кои во едното се следи одделенска, а во другото, во кабинети се изведува предметна настава. Училиштето е верификувано како редовно основно училиште со Акт бр. 14-1203/1 од 26.02.1986 од МОН на РМ.

Денес ООУ„Његош“- Јурумлери има статус на јавна установа чија основна дејност е воспитание и образование на деца, ученици од I-IX одделение и ги опфаќа учениците од територијата на Гоце Делчев, Дунек, Јурумлери, Колонија Идризово,  с. Идризово, Дрма.

Структурата на наставниот кадар се подобрува од година во година, а наставата се изведува во кабинети опремени со аудиовизуелни средства. Живиот збор на наставникот се почесто се заменува со нагледност, слика на екран, податоци од компјутер, самоистражувачка работа, самостојноучење, описно оценување, модернизација во воспитно- образовниот процес и сл.

Училиштето располага со училишна библиотека чиј фонд секоја година се збогатува со лектирни изданија за учениците, но и помошна литература за наставниците.

Во ООУ „Његош“- Јурумлери, досега со основно образование се стекнале над 12.000 ученици, од кои голем дел се успешни во своите професии.

Учениците кои завршиле основно образование во ООУ „Његош“- Јурумлери денес се лекари, адвокати, инженери, наставници, професори, работници, земјоделци, семејни луѓе, чии деца се ученици во истото училиште. Со гордост истакнуваме дека учениците кои го завршиле нашето училиште се чесни и достоинствени граѓани на Република Северна Македонија, родители, луѓе кои со својот труд, карактер и однос заслужуваат почит.

Се надеваме дека и нашите идни генерации ќе бидат чесни, достоинствени луѓе на кои ООУ „Његош“-Јурумлери ќе им биде драго сеќавање.