Вие ја прегледувата страната

Свечена приредба по повод Денот на училиштето

Објавено на: ноември 18, 2026
ГАЗИ БАБА ВО СРЦЕТО — НАШЕ МИНАТО, СЕГАШНОСТ И ИДНИНА“
Во нашето училиште свечено го одбележавме патронатот под мотото „Гази Баба во срцето — наше минато, сегашност и иднина“.
Преку богата културно-уметничка програма, исполнета со песна, музика, игра, рецитали и творештво, нашите ученици ја претставија убавината, традицијата, историјата и вредностите на општина Гази Баба.
Со љубов кон минатото, посветеност во сегашноста и надеж за иднината, продолжуваме да ги негуваме вредностите што нè обединуваат.
Гази Баба не е само место – таа е дел од нас, од нашите приказни и од нашето срце! ❤️